БИЛД: Кина лажела за КОРОНА ВИРУСОТ, објавен таен извештај

БИЛД: Кина лажела за КОРОНА ВИРУСОТ, објавен таен извештај

Кина не ги соопштила бројките за епидемијата за да ги купи залихите од заштитни маски на меѓународниот пазар пред тие да станат најбарана роба.

Ова е опишано во американскиот таен извештај кој го објави германскиот таблоид Билд. Во четири страни од таен извештај на американското министерство за внатрешна безбедност во кои се наведува дека Кина го измами светот и ги криела информациите за коронавирусот за да собере заштитна опрема пред остатокот од светот.

Содржина сугерира дека Кина ја криела епидемијата на коронавирусот за да се снабди со санитарни производи, меѓу нив и заштитните маски. Билд наведува дека Кина намерно ја намалувала опасноста од вирусот на почетокот на јануари. Во исто време значајно го зголемиле увозот на медицинска опрема и драстично го намалиле извозот.

Пекинг нарачувал голема количина на заштитни маски, ракавици и хируршки мантили, како и други санитарни материјали кои се потребни во борбата против ширењето на заразата.

Во СЗО не биле запознаени со настаните во Кина во време на почетокот на пандемијата. Кина и ги замолчила лекарите кои на почетокот на јануари ја предупредија јавноста на појавата на новиот тип на коронавирус, пишува Билд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.