Билетите во Зоолошка поскапуваат?

Билетите за влез во Зоолошката градина во Скопје од јануари најверојатно ќе поскапат. Цената би требало да се зголеми само кај билетот за возрасни, па наместо досегашните 50 денари тој би чинел 80 денари. Билетот за децата останува ист, односно 50 денари, а влезот за деца до три години ќе остане бесплатен. Ова е предлогот на менаџментот на скопската Зоолошка градина, кој ќе го достави на усвојување пред советниците на Град Скопје. Тие ќе одлучат дали ќе има зголемување на цената или не. Како причина за барањето за зголемување на цената на билетите од ЗОО Скопје ги наведуваат  инвестирањата во Градината во изминатите месеци, како и трошоците за набавка на новите животни.
-За цената на влезот не одговарам лично јас одговараат и градските власти. Предлогот доаѓа од мене, но предлогот ќе биде доставен кога ќе завршиме со некои инвестиции и кога ќе пристигнат новите животни тогаш ќе бараме да ја покачиме цената на картата бидејќи ќе треба храна за сите тие животни и одржување на зоолошката. Тоа би било од јануари следната година и не би било драстично зголемување плус 30 денари на билетот за возрасни, вели директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.