Од полноќ се зголемуваат цените на бензините и на дизелот. Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, бензините поскапуваат за 4,5, а дизелот за 6,5 денари по литар.
Од 18 август во 00:01 часот, максималните цени ќе изнесуваат:
Еуросупер БС-95 – 91,50 денари/литар, поскапување за 4,50 денари.
Еуросупер БС-98 – 93,50 денари/литар, поскапување за 4,50 денари.
Еуродизел БС (Д-Е V) – 98 денари/литар, поскапување за 6,50 денари.
Екстра лесно масло (ЕЛ-1) – 98,50 денари/литар, поскапување за 6 денари.
Мазут М-1 НС – 43,726 денари/килограм, поскапување за 0,188 денари.
Според РКЕ, зголемувањето е резултат на повисоките референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во споредба со претходната пресметка, бензините поскапеле за 8,983 отсто, дизелот за 10,979 отсто, екстра лесното масло за 9,801 отсто, а мазутот за 0,871 отсто.
Во пресметката влијаело и движењето на курсот на денарот во однос на доларот, кој во изминатиот период бил понизок за 0,2247 отсто.
РКЕ продолжува со примената на намалениот износ на акцизата од 2 денари за литар кај бензините Еуросупер БС-95 и БС-98, како и намалената акциза од 4 денари за литар кај еуродизелот.
Од Комисијата појаснуваат дека утврдените цени се максимални, што значи дека трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.



