Били Ајлиш сама го режираше надреалистичниот видео запис за „Chihiro“






Популарната поп ѕвезда Били Ајлиш го објави новото видео за песната „Chihiro“, која сама го режирала. Песната е дел од третиот албум на Ајлиш „Hit me hard and soft“.

Видеото започна со пејачката во темно осветлена зграда, која изгледа на празно школо. Таа трчка низ празните ходници и се среќава со друга личност, која во видеото е претставена од Нат Волф. Од таму, тој заедно со Ајлиш излегува надвор, пред да ја собори на ливада на зајдисонце.

Во изјава за „Ролинг Стоун“ таа кажува дека песната е базирана на филмот „Spirited Away“, кој ѝ бил еден од омилените.

Ајлиш во пост на Инстаграм истакнува дека овој видео спот ѝ е еден од омилените кои ги има направено.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: