МВР Билтен
На 10.07.2022 во 16.00 часот во Богданци, полициски службеници од Полициската канцеларија Богданци го лишиле од слобода Џ.П.(46) од Богданци поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело. Лицето биле приведено во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.07.2022 во 11.35 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле А.С.(36) од Гостивар. За него била издадена судска наредба, со која се барал за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 10.07.2022 во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ц.(30) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Во текот на вчерашниот ден (10.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 992 возачи. Од нив 100 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 443 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 549 надвор од населено место.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 101 санкција, пет мерки за возење под дејство на алкохол, две санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли…
На 10.07.2022 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 84 возачи. Од нив 1 возило се движело со брзина од дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното, додека 5 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 61 возило ја пречекорило брзината надвор од населено место, а 23 возила во населено место. На сите прекршители изготвени им биле соодветни поднесоци.
На 10.07.2022 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 76 пречекорувања на брзината, од кои 33 на подрачје на Струмица, 21 на подрачје на Валандово, 14 на подрачје на Радовиш и 8 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.