Бил Гејтс го предвиде Ковид-19, а сега предупредува: Доаѓа пандемија 10 пати полоша од коронавирусот

Славниот милијардер и бизнисмен Бил Гејтс најави уште една здравствена катастрофа која ни се заканува, а вели дека таа ќе биде значително полоша.
Основачот на „Мајкрософт“ уште во 2015 година изјави дека „доаѓа пандемија, и наместо да се подготвуваме за неа како за војна, ние се преправаме дека ништо не се случува“, и го повтори истото во ноември 2019 година, откривајќи ги своите предвидувања за претстојната здравствена чума, која според него, наскоро ќе „завладее со светот“.
Тој уште тогаш предвиде дека тоа ќе биде болест што ќе се шири слично како грипот, но тоа нема да биде грип, туку болест што светот никогаш не ја видел порано, а тоа ќе се случи во одреден момент во следните 10 години.
Денес, во 2021 година, една година по борбата против коронавирусот и многуте пречки и промени што пандемијата ги донесе во целиот свет, се чини дека неговото пророштво се оствари.
Но, Гејтс не заврши со предупредувањата, па така тој за германските медиуми изјави дека веројатно ќе дојде уште една пандемија која може да биде и 10 пати полоша од коронавирусот.
Оваа пандемија е лоша, но идната пандемија може да биде 10 пати посериозна, рече тој и апелираше до владите во светот да бидат подобро подготвени за здравствените закани што ни доаѓаат. Во моментов не сме подготвени за неконтролирано ширење на ваков или уште поопасен вирус, изјави тој.


Исто така, тој додаде дека ако оваа сегашна пандемија се развише пред пет години, светот немаше да има вакцина за толку кратко време, па така тој им честиташе на научниците за толку брзиот напредок во развојот на вакцината. Тој ги повика одговорните лица правилно да ја дистрибуираат вакцината и истакна дека се надева оти ситуацијата ќе се промени во следните години.
-Натамошниот напредок на науката и технологијата секако ќе придонесе за тоа, а покрај епидемиолошкото знаење што го стекнавме за време на короната, ќе можеме дополнително и целосно да ги искористиме и сите предности на лековите, тестирањата, вакцините, посочи Гејтс.
Инаку, тој неодамна ја прими првата доза од вакцината против коронавирус, но не соопшти каква. За ова соопшти на Твитер и објави фотографија.
Гејтс наполни 65 години, и со тоа влезе во оној дел од популација во САД кој може да се вакцинира.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.