Бислимовски открива за колку ќе се зголеми цената на електричната енергија

На денешната прес-конференција, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски изјави „цената на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 0,92%“.

-ЕВН Хоме до РКЕ достави на контрола и разгледување одлука на 5ти декември оваа година. Согласно нивното барање цената на домаќинствата требаше да се зголеми 4,4% во најголем дел немавме разлики во однос на количините на електрична енергија, во однос на трошоците за набавка, во однос на трошокот за пренос на електрична енергија. Единствената разлика којашто постои помеѓу тоа што ние сега го одобривме и тоа што ЕВН Хоме го дотави е во однос на факторот на корекција којшто за да обезбедуваме ценовна стабилност и да обезбедуваме цени коишто речиси ќе немаат никакво односно ќе имаат минимално влијание врз вкупните трошоци за електрична енергија на граѓаните, постапивме по овој начин. Како што ветивме просечната цена на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 0,92%, притоа првиот блок за 0,68%, вториот за 0,9%, третиот блок за 1,93%, четвртиот блок за 2,24% и ефтината тарифа за 0,9%, изјави Бислимоски.

Пронајдете не на следниве мрежи: