Битиќи: Македонија е на 82-ро место по квалитет на живот

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, вели дека ПР-от на Владата не се совпаѓа со реалноста, бидејќи се прават селективни споредби, пренесува Телеграфи Македонија.

„Ѓубре внатре, ѓубре надвор (GIGO) – кога во економската дебата се воведуваат селективни споредби, самофалби и бројки без контекст, на крајот добиваме лажна „четврта економија во Европа“. Во меѓувреме, во однос на тоа што чувствуваат граѓаните, Македонија е на 82-ро место по квалитет на живот.

Ова е разликата помеѓу наративот за односи со јавноста на Владата и реалноста во која живеат граѓаните.

„Во таков контекст, дебатата за минималната плата од 600 евра не е прашање на „впечаток“, туку на вреднување на работата со достоинство. Под оваа граница, државата практично испраќа порака дека е нормално човек да работи цел месец, а сепак да остане сиромашен“, пишува Битиќи на својот Фејсбук профил. 
The post Битиќи: Македонија е на 82-ро место по квалитет на живот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: