Битиќи: Од ЕУ имаме 874 милиони евра за 3 години

Од ЕУ имаме 874 милиони евра за 3 години, европскиот пат носи економски придобивки, изјави потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Аргумент +” на телевизија 24. 

Тој истакна дека планот за раст којшто Европската комисија го обзнани е показател дека Западен Балкан е важен за ЕУ и сака од два аспекти да бидеме спремни до денот на влегување, прво од економски аспект, второ од аспект на реформи.

„Вкупно на располаѓање за нашата земја ќе биде ставено 874 милиони евра во овој три годишен период. Веќе првата транша од помошта би требало некаде април да ни биде достапна“, нагласи Битиќи. 

Кажа дека овие средства се од финансиската рамка на ЕУ за периодот 2020-2027.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.