Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот: „Вие купувате Прада, овие се социјалдемократски“

Овој ребаланс е индиректно признание дека Владата ја изгубила фискалната контрола и јасно огледало на продлабочената фискална неодговорност во јавните финансии. Наместо реално прилагодување и развојна ориентација, добиваме документ кој прикрива неизвршени ветувања и скицира нереална економска слика, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната комисиска седница за ребалансот на Буџетот.

Тој истакна дека иако дефицитот останува на 4% од БДП, тоа е над законскиот максимум од 3%, а отстапување е дозволено само во вонредни ситуации кои во нашата земја не постојат.

„Владата веќе не контролира фискална рамнотежа и го користи ребалансот како политички инструмент. Дефицитот речиси се удвои за месец и половина, од 13,4 на 27,5 милијарди денари. Таков раст не се случува во економија со здрава фискална дисциплина и е знак за неефикасно управување и неконтролирана јавна потрошувачка. Ако приходите растат по 40%, а расходите достигнаа 44%, дали оваа Влада има план? Или троши сè како да нема утре?“ – рече Битиќи.

Според него, наместо реална прераспределба, ребалансот е само козметика – розово на хартија, а црвено во реалноста.

„Ова не е буџет со план, туку импровизација за политички цели“, кажа пратеникот и стави розови очила за, како што рече, подобро читање на ребалансот.

„Ќе мора така да ги читаме работите. Рок-стар сум. Розеви се. Ќе ги оставам за заменик-министерот. Овие се социјалдемократски. Прада купувате вие, ние не“, кажа Битиќи во интеракција со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи: