Биткоинот достигна историски највисока вредност од над 72.000 долари!

Цените на биткоинот денеска се искачија на ново највисоко ниво на сите времиња, преминувајќи ја границата од 72.200 долари, откако британскиот финансиски регулатор соопшти дека ќе им овозможи на тамошните берзи да тргуваат со производи поврзани со криптовалути за прв пат.

Според податоците на веб-страницата за крипто размена на Binance, цената на биткоинот денеска во 12:50 часот накратко достигна вредност од 72.214,7 долари, пренесува Танјуг.

Британскиот регулатор објави во соопштението дека нема да се спротивстави на барањата од признати инвестициски берзи во ОК за тргување со должнички хартии од вредност (ETN) кои ја следат цената на криптовалутите, пренесува CNN.

Берзите треба да обезбедат соодветна заштита на професионалните инвеститори во овој сегмент од трговијата, се нагласува во соопштението.

Вредноста на биткоинот во последно време постојано расте, а во петокот за прв пат ја премина границата од 70.000 долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.