Во моментот на пишувањето на текстот се тргува по цена од: 23701 долари по еден коин или монета!
А во денари тоа вака денеска изгледа:
Биткоинот достигна деновиве историски рекорд. CNBC известува дека оваа криптовалута ја надмина границата од 24.000 американски долари, која забележа повеќе од тројно зголемена вредност оваа година.
Највредната дигитална валута во светот порасна според податоците на Coin Metrics, зголемувајќи го својот профит на повеќе од 200%. Биткоинот вчера ја проби границата од 24.000 американски долари.
Инвеститорите во криптовалути укажуваат на зголемена побарувачка, ставајќи го биткоинот како заштита од инфлација исто како и со златото во услови на невиден стимул за економијата на САД поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.
Во неодамнешната белешка на JPMorgan тврди дека ваквиот апетит на инвеститорите ќе ги зголеми приливите во фондовите кои го следат биткоинот на штета на златото.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.