Битолчанец прегазил 21-годишна девојка од Гостивар

21-годишна девојка од Гевгелија, која престојувала во Битола, вчера била прегазена од автомобил возен од 26-годишен жител на градот, по што со тешки повреди е пренесена во болница, соопшти МВР.

„Вчера во 21:05 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Л.(26) од Битола, удрило во 21-годишната П.Т.М. од Гевгелија, со престој во Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила П.Т.М., констатирани во Клиничката болница Битола. Увид извршила екипа од СВР Битола“, пишува во полициското соопштение.

Пронајдете не на следниве мрежи: