Кризниот штаб на БиХ најави нови мерки, а една од нив е ограничено движење на населението, односно полициски час што ќе важи од 23 часот до 5 часот наутро. Одлуката стапува на сила утре, наведува „Кликс“.
Исто така, новата одлука е да се ограничат собирите на граѓани на најмногу 30 лица, и внатре и надвор.
За време на полицискиот час, забраната за движење се однесува на целата територија на Федерацијата БиХ.
Од одлуката ќе бидат изземени оние кои работат во смени во текот на ноќта (со валидна потврда од работодавачот), како и државните службеници што работат на спроведувањето на мерките.