Би го пробале ли уличниот индиски специјалитет? Погледнете како компирот се приготвува во песок…

Од балканска гледна точка, индиската кујна во секаква смисла е егзотична и возбудлива: од бојата и мирисот до зачините и – необичниот начин на готвење.
Секој од регионите на оваа голема земја има некои свои специфичности. Од прекрасните ароматични зачини, до необичниот спој на зеленчукот и намирниците со кои што сето тоа го поврзуваат.
Најчесто тоа се: ориз, пченица, пченка, просо, а понекогаш и песок.
Уличниот продавач на храна во индиската држава Утар Прадеш ги освоил социјалните мрежи кога блогерот Амар Сирохи објавил снимка на која што готвачот користи песок за да приготви компир.
Луѓето во северниот дел на Индија го користат песокот за подготвување на кикирики и ориз, но тој очигледно се покажал корисен и кога станува збор за приготвување на вкусниот компир кој на многумина им е омилената намирница.
Уличниот продавач во сад полн со песок ставил компир за да го готви околу 20 минути, а потоа го сервирал со сос од коријандер, домат, ѓумбир и лук.
Една порција од ова јадење чини околу 30 центи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.