Благица Павловска ќе се разведува по втор пат?

По многуте животни удари, пејачката Благица Павловска пред неколку години изјавуваше дека го пронашла внатрешниот мир преку песна, љубовта кон саканиот и љубовта кон животните.

Павловска многу ретко се појавува во медиумите, но сега реши дека е време јавно да проговори што и се случува на приватен план. Во изјава за ТВ магазинот „Бекстејџ“, Благица пред камери отири дека во последно време батериите ги полни во домашна атмосфера, помалку настапува, а исто така компонира и музика.
Во последно време повеќе сакам да се одмарам и да се релаксирам отколку да пеам. Наместо да настапувам по кафеани, кога сум слободна компонирам и правам музика, тоа повеќе ме исполнува во моментов. Живеам со моите кучиња и тие имаат можност да ме слушаат во живо и пред нив одржувам концерти, вели познатата фолк пејачка за „Бекстејџ“.
Таа неодамна настапи на фестивалот „Роса“ каде се појави во друштво на пријателка, но не и со нејзиниот партнер Тале со кого вели дека склучила граѓански брак пред четири години, детаљ од нејзиниот живот кој досега беше незпознат за јавноста. Иако не потенцираше дека на љубовно поле не и цветаат ружи, Благица на парашањето поврзано со бракот вели:
Мажена сум, но не знам дали тоа така ќе остане засекогаш. Знаете како, сите сакаат да бидат со Благица, јас сум човек кој што на грб ги носи сите, но поради тоа што се им олеснувам, почнуваат да летаат во облаци и мислат дека јас секогаш ќе бидам тука за нив, ама не е така, одговор кој доволно покажува дека „коцките не се на број“. Инаку, ова е втор брак на Благица Павловска која своевремено изјавуваше дека не верува во оваа институција, но сепак уште еднаш се обиде да и даде шанса на љубовта, а дали ќе ја спаси, останува да видиме.
Извор: ЗАСЕ.МК

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.