Еврото во вторникот на меѓународните валутни пазари осцилираше во тесен опсег во однос на американскиот долар, погоден од очекувањата на бавното излегување од кризата, додека американската валута и натаму ја имаше поддршката од оптимизмот во врска со американската економија.
Во таквите околности што владееја во вторникот на пазарите, со единствената европска валута се тргуваше по 1.3041 американски долар, што значи дека останала речиси непроменета во однос на затворањето на тргувањето во понеделникот. Така еврото се држи и натаму над најниското ниво во последните три месеца од 1,2955 долари на коешто се спушти кон крајот на минатата седмица.
Еврото, пак, ослаби во однос на јапонскиот јен за 0,3 отсто, на 125,17 јени, што е под највисокото нови во последните 34 месеци од 127,71јени, колку што достигна во февруари. Доларот, пак, ослаби во однос на јенот за 0,22 проценти, на 96,05 јени.
Според оцените на аналитичарите еврото и натаму е ранливо на продажбите, имајќи предвид дека во еврозоната погодена со жестоките мерки на штедење се очекува долготрајно заздравување од рецесијата.
Така, вишата валутна аналитичарка во „Rabobank”, Џејн Фоли во анкетата на Reuters очекува дека курсот на еврото во идните три месеца би можел да се спушти и на 1,28 американски долари.
Јенот, пак, во вторникот отскокна од најниското ниво во последните три ипол години во однос на доларот, зајакнувајќи првпат во последната седмица, бидејќи долгорочните инвеститори и хеџ фондовите одлучија да забележат добивки. Натамошното заздравување на јенот, според оцените на трговците, најверојатно ќе го спречат шпекулациите за пораното покренување на поагресивните монетарни поттикнувања, отколку што досега се оценуваше.
За таквите шпекулации најзаслужни се написот од вторникот во јапонскиот деловен дневен весник Nikkei, дека владиниот кандидат за гувернерската позиција во јапонската централна банка Харухико Курода сигнализирал дека би можел да преземе нови мерки за ублажување на монетарната политика веднаш по преземањето на должноста идната седмица, значи пред состанокот на челниците на Bank of Japan (BoJ) закажан за почетокот на април.
Makфакс
Еврото во вторникот на меѓународните валутни пазари осцилираше во тесен опсег во однос на амер