Благодарејќи на Facebook спасен животот на момче

Момче кое на Facebook најавило дека има намера да се убие, спасен е во францускиот град Ница откако Французинка која живее на северот од земјата, ја открила неговата порака на оваа социјална мрежа, соопштиле полициски

 „Жена којашто не го познавала момчето, а живее на север од Франција, случајно наишла на пораката и многу сериозно ја сфатила, а имајќи го предвид тоа дека и самата е мајка, веднаш нѐ извести, па успеавме да интервенираме”, се наведува во соопштението на полицијата.
Одделот во француската полиција којашто се занимава со сајбер криминал минала неколку часови барајќи ја адресата на момчето, пишува весникот Nice Matin.
Кога спасувачите пристигнале до станот на 21-годишникот, го пронашле во креветот со пресечени вени, по што веднаш бил хоспитализиран.
Макфакс
Момче кое на Facebook најавило дека има намера да се убие, спасен е во францускиот град Ница откако Французинка која ж

Пронајдете не на следниве мрежи: