Motherly создаде емотивно видео полно со благодарност до сите баби и дедовци кои се грижат за своите внучиња и кои им помагаат на новите родители кога тоа им е најпотребно.
До најдобрите баби и дедовци на светот:
Не би можеле да го направиме ова без вас.
Вие бевте покрај нас од почетокот.
За раѓањата, прославите, тешките моменти и ноќните излегувања.
Ги споделувате вашите приказни, рецепти и животни лекции.
Го споделувате вашето време.
Ви веруваме како на никој друг.
Секогаш бевте покрај нас – ни пруживте помош, уште еден пар очи, уште еден пар раце.
Никогаш не би можеле да ви се оддолжиме за сè што ни дадовте.
Па, сè што можеме да кажеме е:
Ве цениме, благодарни сме што ве имаме.
Од дното на нашите срца: Ви благодариме.
Не постои друга љубов како онаа на бабите и дедовците.