Благодатниот оган од Ерусалим ќе пристигне на аеродромот во Скопје

Вечерва Благодатниот оган од Ерусалим преку Софија се очекува да пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје, информираат од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Оваа година „содејството и љубовта“ на БПЦ и МПЦ ќе се удостои со тоа што нејзин епископ ќе учествува во овој „благодатен и чудотворен чин“ и да го преземе лично благодатниот оган, велат од таму.
– Ако досега благодатниот оган беше носен или позајмуван, земан од другите цркви преку посредништвото на Бигорскиот манастир и архимандритот Партениј, годинава епископот стобиски Јаков, викарниот епископ од Струмичката епархија, ќе го преземе оганот и ќе го донесе како благослов за православниот народ и за православната црква во Република Македонија, изјави отец Бобан Митевски од Кабинетот на архиепископот.
Тој посочи дека на скопскиот аеродром епископот стобиски Јаков со благодатниот оган ќе биде пречен од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и од претставници на другите епархии низ државава, а потоа ќе биде разнесен по храмовите во Скопје и по другите епархии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.