Благоја Грујовски по долг период не е веќе сам

Фолк ѕвездата Благоја Грујовски повторно ќе настапува со придружба на бенд. Тој ја најави соработката со маестро Јане Рафаиловски со кого соработува 15 години.

-Во неговиот бенд се извонредни професионалци- Нико Сребров, Тимко Чичаковски и Дамјан Василевски. Деновиве го снимивме и првиот проект, музички коктел во кој учествуваат и нашите добри пријатели со кои исто така имаме долгогодишна соработка, фолк дивата Сузана Гавазова и популарниот Боби Павловски. Со Јане соработуваме долго време, петнаесетина години. Тој е автор на повеќе мои песни како „Ој невесте,„ Моја река“ и други – открива пејачот и дополнува дека се и приватно се блиски.

-Јас сум му кум. Јане има и свои самостојни проекти. Тој е извонреден музичар на кларинет и саксофон. По долгогодишна соработка со повеќе групи сега стартува со свој бенд. Решивме да ги здружиме силите и да работиме заедно – вели Грујовски.

На сцената е присутен повеќе од три децении. Во една пригода изјави дека како млад слушал рок музика, поради татко си решил да пее фолк. Неговите почетоци се врзани за групата „ Мераклии“. Со нив настапи на фестивалот „ Цветници“ со песната „Туѓино јабано” и оттогаш му се отворија музичките порти. Стана брзо популарен со својот шарм, и љубов кон музиката особено со чисто македонската песна. Иако беше новинар во Македонското радио, музиката стана неговата животна приказна.

Пронајдете не на следниве мрежи: