Благоја Милевски: Нема простор за разочарување

Македонија одигра 1:1 против Велс во квалификациите за пласман на Светското првенство. Последните пет минути одо овој натпревар беа драматични.
Миовски, погоди во 91.минута, кога ја искористи грешката на ветеранот Џо Ален. Велс изедначи буквално во последните секунди, лошите реакции и поставеноста во нашата одбрана му овозможија на Брукс да изедначи.
„Да завршеше 0:0 можеби ќе бевме задовлни, вака останува горчината што не победивме и освоивме три бода“, рече селекторот на Македонија, Благоја Милевски и дополни.
„Велс е сериозна селекција. Нашите фудбалери покажаа дека напредуваат, ни фали уште тој фактор плус за да бидеме над вакви репрезентации. Во тие последни секунди моравме да останеме фокусирани, не верувам дека се радувавме пред време, дека грешките ги направивме во еуфорија. Едноставно такви моменти се случуваат. Тешко ми е што примивме гол во последните секунди, но нема простор за разочарување“.
Во јуни Македонија ќе ја пречека Белгија, а пoтоа ќе гостува во Казахстан.
The post Благоја Милевски: Нема простор за разочарување appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: