Градоначалникот на Сарај и организациски секретар на ДУИ, Блерим Беџети упати остри критики кон министрите од неговата партија. Во гостувањето во ТВ21 вечерва рече дека тие работат недоволно за реализација на програмата на ДУИ.
Беџети смета дека првиот вицепремиер, Артан Груби, како што се фали за реализираните проекти, така треба да преземе одговорност и за нереализираните проекти.
„Оваа Влада повеќе се фали отколку што работи. Потребно е повеќе да се насочат кон реализација на проекти за доброто на граѓаните. Затоа ние го кренавме гласот, сакаме да вршиме притисок кон Владата за да се реализираат проектите, затоа што се ближат избори, а на избори со нереализирани проекти граѓаните може и да не ве гласаат“, вели Беџети.