Блерим Река: Потврдена кандидатура за претседател

Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор Блерим Река на неговиот Фејсбук профил ја потврди веста која утрово се појави на медиумите на албански јазик, за својата кандидатура за претседателските избори во нашата земја. Kако што информира весникот “Коха“ се очекува професорот Река,  да ја добие поддршката на Алијанса за Албанците и на Движењето Беса.
– Не можам да одговорам на сите медиуми и пријатели, преку оваа објава ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Република Северна Македонија, со надеж дека ќе биде поддржана. Постојат две причини за оваа одлука. Прво: само со македонските кандидати, без ниту еден Албанец, ова мултиетничко општество ризикува да се лизне во моноетничка држава и Албанците само гласачи, но не и гласани. Второ, само интелектуалната критика – без да се влезе во политичка конфронтација – не е доволно за да се промени ситуацијата. Тие на Фејсбук остануваат виртуелни, додека животот сепак е реален. Впрочем, историјата ја пишуваат државниците, интелектуалците само пишуваат за историјата, напиша професорот Река на својот Фејсбук профил.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.