Блинкен: САД внимателно го проучуваат украинскиот „план за победа“

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен уште еднаш ја потврди посветеноста на администрацијата на Бајден за „успехот на Украина во отпорот на руската агресија“.

На прес-конференција во петокот во Њујорк, Блинкен рече дека Америка значително ја зголемила поддршката за Украина со објавување на последниот пакет воена помош во вредност од над осум милијарди долари.

„Презедовме важни чекори за поддршка на народот на Украина, кој продолжува да се брани од тековната руска агресија и продолжува да го брани својот суверенитет и независност, нивното право да одлучуваат за својата иднина“, рече Блинкен, додавајќи дека овие пари треба да бидат доволни до крајот на мандатот на актуелната администрација, пренесува Гласот на Америка.

На прашањето дали Киев ќе добие дозвола да користи западно оружје за долгометни напади врз руски воени цели, Блинкен рече дека американската администрација детално го проучува „победничкиот план“ на Украина.

„Го проучуваме многу внимателно, а тоа вклучува и какви ќе бидат, ако воопшто се случат, дополнителните активности што ние или другите партнери на Украина ќе треба да ги направиме за да им помогнме да го остварат тој успех“, вели шефот на американската дипломатија.

Пронајдете не на следниве мрежи: