Блиските на настраданите во кочанскиот пожар можат бесплатно да се сместат во скопските хотели

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје.

„Семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје. Ја поздравувам иницијативата што ја реализираат скопските хотели за бесплатно сместување. Во овие тешки моменти најважни се солидарноста и поддршката од сите, да им помогнеме на нивните родители, фамилии, пријатели колку што можеме повеќе! Граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 073 821 120“, објави Герасимовски на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.