„БМВ“ изгоре на влезот во Тетово

Автомобил „БМВ“ попладнево изгоре на автопатот Скопје-Тетово, на влезот во Тетово, јавува ТВ „21“.

Телевизијата неофицијално дознава дека автомобилот се движел во моментите кога се запалил, а пожарот најверојатно настанал како последица на дефект.

Противпожарните екипи се на терен и интервенираат. Во пожарот нема повредени, но предизвикана е голема материјална штета.

Пронајдете не на следниве мрежи: