Едно лице е тешко повредено откако со својот автомобил „бмв“ вчера наутро изледало од автопатот Куманово – Скопје.
– На 09.05.2024 во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на Рафинеријата, патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.К.(41) од Косово, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат оттаму, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.