понеделник, 16 ноември 2026
Најново

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар синоќа предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за судир меѓу патничко возило „БМВ“ и камион, по што избувнал пожар.

Очевидци сведочат за драматични сцени на местото на несреќата, а на терен се забележани екипи на противпожарната служба и итната помош. Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Дополнително, возачи информираат за застој или нова сообраќајна незгода и на делот по патарината Миладиновци, во близина на исклучокот за Илинден, што дополнително ја усложнува сообраќајната состојба во овој дел од главниот град.

На возачите им се препорачува зголемена внимателност, намалување на брзината и, доколку е возможно, користење на алтернативни правци сè додека сообраќајот не биде нормализиран.

Поврзани вести