По половина година откако ја напушти сопругот, кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ, неговата сопруга Гоца Шаулиќ се уште со кнедла во грлото зборува за него.
Лузната која ја носи по неговото заминување уште не е зарасната, сеќавањата и будат емоции, па секој момент поминат со Шабан во брачна заедница долга безмалку половина век постојано и навираат. По трагичната смрт, Гоца ретко се појавува во јавност, обидувајќи се својата тага да ја залечи со најблиските во семејната куќа. Студенилото кое го чувствува со заминувањето на Шабан се обидува да го обои со топлината на насмевките на внуците, кои и ја враќаат надежта и и даваат сила да ја издржи болката на која се уште не може да се навикне.
“Животот оди, полека… Ден по ден. Ќе видам како понатаму – со треперлив глас, едвај воздржувајќи се да не заплаче изјавила за српските медиуми Гоца Шаулиќ.
-Како можам да бидам кога по 44 години ќе останете сама? Да не даде Бог никому да му се случи ова, тивко раскажала Гоца, собирајќи сила да продолжи да зборува за покојниот сопруг на која секогаш му била ветар во грбот и поддршка за време на кариерата.
Изминативе месеци во српските медиуми можеа да се прочитаат шпекулации во врска со наследството на покојниот крал на народната музика, неговите наводни долгови и слични работи, но вдовицата на Шабан не сака да се занимава со тие работи, затоа што и понатаму тагува по сопругот.
-Јас сум во тага, кој не е, нека се занимава со глупости – кратко рекла Гоца.
Како што се дознава, Гоца болката и тагата по покојниот сопруг ги лекува одејќи во Крчедин, викендичката каде пејачот најмногу сакал да го поминува слободното време.
Крчедин е местото на Шабан. Тоа го знаат сите кои го познаваа. Таму беше најсреќен додека со пријателите рибареше и токму од таа причина по неговата смрт неговата вдовица барем еднаш во две седмици оди таму. Таму, како што вели се чувствува спокојно, затоа што секое катче ја потсетува на покојниот сопруг. Гоца се грижи за куќата во која Шабан често престојувал и не планира да ја продаде, открива изворот.
Гоца Шаулиќ, наводно, деновиве треба да ја добие првата пензија од Шабан.
“По смртта на Шабан, Гоца повела судска постапка за добивање на пензија од Шабан, за која со години уплаќал во Германија. Се работи за сума од 3.000 евра. Постапката е завршена, па Гоца оваа или следната седмица ќе почна да ја прима неговата пензија, додава изворот.
Инаку, по тешките моменти во семејството Шаулиќ ќе има и прослави. Внуката на Шабан од неговата ќерка Илда, Ема во сабота полни три години, а во план е и венчавка на неговиот син Михајло.