Бог секогаш има план за вас: Кога работите не ви одат од рака, сетете се на ова

Си биле еднаш три дрва на едно брдо во една шума. Размислувале за своите надежи и соништа и првото стебло рекло: „Еден ден, се надевам дека ќе станам ковчег за богатство. Можеби ќе бидам украсен со прекрасна резба и секој ќе може да ја види мојата убавина.“
Другото дрво рекло: „Еден ден ќе бидам моќен брод. Ќе ги пренесувам кралиците и кралевите преку вода и ќе пловам до крајот на светот. Секој ќе се чувствува сигурен со мене поради силината на мојот труп.“
Третото дрво рекло: „Јас сакам да пораснам и да бидам највисокото дрво во шумата. Луѓето ќе ме видат на врвот од брдото, ќе ги гледаат моите гранки и ќе мислат на небото и Бог. Јас ќе бидам најзначајното дрво на сите времиња и луѓето секогаш ќе се сеќаваат на мене.“
По неколку години молење за нивните соништа да се остварат, група дрвосечачи ќе дошле до нив. Едниот дошол до првото дрво и рекол: „Ова изгледа дека е силно дрво, мислам дека ќе му го продадам на еден трговец.“ И почнал да го сече дрвото. Дрвото било среќно затоа што знаело дека дрвосечачот ќе може од него да направи ковчег за богатство.


Вториот дрвосечач застанал кај второто стебло и рекол: „Ова дрво е огромно, ќе го продадам на бродоградилиште.“ Второто дрво било пресреќно затоа што знаело дека ќе заврши како моќен брод.
Кога третиот дрвосечач дошол до третото дрво, стеблото се уплашило, затоа што го биде исечено, соништата нема да му се исполнат. Дрвосечачот рекол: „Мене не ми треба нешто посебно од дрвово, ама ќе го земам трупчето“. И го исекол целото дрво.
Кога првото дрво стигнало на ред за обработка, од него направиле јасли за хранење стока. Го ставиле во штала и го наполниле со сено. Тоа не било она за коешто се молел.
Второто дрво е изкористено за изградба на мало рибарско бротче. Така завршиле неговите соништа за моќниот брод кој пренесува кралеви.
Третото дрво било исечено на неколку големи парчиња и било оставено само во мракот. Прошле години и дрвата ги заборавиле своите соништа.
Еден ден, еден маж и неговата жена дошле во шталата. Жената се породила токму таму и го ставиле детето во јаслите кои биле направени од првото дрво. Човекот сакал да направи колевка за детето, но морал да се задоволи со јаслите. Дрвото ја видело убавината и необичноста на детето, ја почувствувало важноста на овој настан и претчувствувало дека во себе чува непроценливо богатство.
По многу години, група луѓе се качиле на рибарскиот брод направен од второто дрво. Еден од нив бил уморен и отишол да спие. Додека пловеле започнала огромна бура и дрвото видело дека не е доволно силно за да ги заштити луѓето. Луѓето го разбудиле човекот кој спиел. Тој станал и рекол: „Мир!“ и одеднаш бурата престанала. Тогаш дрвото сфатило дека тој го пренесувал кралот над кралевите.


Конечно, некој дошол и го земал третото дрво. Било носено низ улиците додека другите луѓе го исмејувале човекот кој го носел. Кога дошле до местото, човекот бил кренат во воздух и оставен да умре на врвот на брдото. Дрвото сфатило дека е доволно силно да стои на брдото и да биде во близина на Бог, затоа што Исус Христос бил разапнат на него.
Поуката од оваа приказна:
Кога работите не ви одат од рака, секогаш знајте дека Бог има план за вас. Ако му верувате, Тој ќе ви даде многу работи.
Секое стебло го добило тоа што го сакало, само не на начинот на кој тие го замислиле тоа. Ние не знаеме секогаш какви планови има Бог за нас. Знаеме само дека Неговите начини не се наши, но неговите патишта се секогаш најдобри.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.