Бог секој ден го слушал мрморењето на еден човек се додека една вечер не одлучил да му одговори!

Си бил некој сиромашен и едноставен човек. Навечер, по заморната работа се враќал дома скршен и нерасположен. Љубоморно ги набљудувал луѓето кои се возеле во автомобилите и си уживале. “Нив им е добро“, мрморел човекот. “Тие не знаат што значи да трпиш. Кога би го носеле мојот крст би било поинаку.“
Бог со многу разбирање и трпение го слушал секојдневното мрморење на сиромашниот човек и една вечер го пречекал кога се враќал дома.
О ти си Господе, – рекол човекот изненаден. – НЕмој да ме прекоруваш. И самиот знаеш колку ми е тежок крстот што ми е на грбот.
Бог благо се насмевнал.
Дојди со мене. Ќе ти дадам можност да си одбереш друг крст.
Човекот одеднаш се нашол пред многу крстови. Имало секакви: мали, големи, рапави, мазни, тешки, лесни…
Тоа се крстови што ги носат луѓето… Одбери си слободно каков сакаш… Човекот радосно го извадил својот крст и почнал да си бира крстови… Најпрво пробал лесен крст, но бил поголем и неудобен за носење… Земал крст кој го носел некој свештеник, но бил необично оптеретен со одговорност и жртва. Пробал да го стави мазниот крст но почувствувал дека силно го болел. Пробал и сребрен крст но ја почувствувал осаменоста и напуштеноста кога го ставил на себе. И така тој ги пробал сите, но имал приговор за секој од нив. Најпосле, нашол некој крст кој бил истрошен од долга употреба. Почувствувал како да е создаден за него. Го ставил на грбот и викнал:
Го земам  овој крст. Баш добро ми прилега.
А Бог му упатил благ поглед и во тој момент човекот го препознал крстот дека тоа бил неговиот сопствен крст кој го носел целиот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.