Бог те носи кога не можеш понатаму. Тој ти е блиску кога ти е најтешко. Со Својата моќна рака те потпира и не допушта да пропаднеш.
- Марс влегува во Девица: За некои, минатото се враќа, за други, се отвораат нови врати
- Американскиот преговарач Џаред Кушнер: Путин не сака прекин на огнот, тој е велемајстор на политиката и историска личност
- Охриѓанец попладнево си го запалил станот, 8 лица завршија во болница
- Докторите откриваат колку вода треба да пиете за да го регулирате крвниот притисок
- Нов скандал ја потресе Nvidia: По скандалот со Хуанг, шефот за продажба се ожени со директор обвинет за шверц во Кина
Фактот е дека живееме во несовршен и уништен свет и дека праведните и неправедните, добрите и лошите ги трпат последиците на оваа планета. Една од најтешките задачи со кои ќе се соочиме е да се држиме до вистината, иако чувствата ни велат дека не е баш така лесно.
Сетете се како Исус ни ветил: “Никогаш нема да те напуштам ниту оставам” (Евреите 13:5). Тој рекол: “Еве, Јас Сум со вас сѐ до крајот на светот” (Матеј 28:20).
Еден ден ќе се свртиш назад и ќе ја погледнеш Неговата рака и ќе знаеш дека навистина одел со тебе низ мрачните денови. Дотогаш, не е важно што не разбираш сѐ, важно е да Му веруваш и понатаму!






