Турското одморалиште Бодрум во југозападниот дел на провинцијата Мугла вчера беше зафатено од град и поројни дождови. Надојдените води ги несоа автомобилите како да се детски играчки и целосно го поплавија градот.
Врнежите почнаа во утринските часови и се засилија попладнeто, претварајќи ги улиците во езера и надојдени реки. Видеата на социјалните медиуми покажуваат надојдени реки кои ги носат автомобилите. На фотографиите се гледат познатите локации во одморалиштето Бодрум, како трговски центар “Оаза“, речиси непрепознатлив, кон кој жителите се пробиваат низ длабока вода.