Д-р Аспазија Софијанова, според парите кои ги земала за “дежурства” и празници, или 120 часа дежурства и 30 часа празници или тоа се вкупно 150 часа, дополнителна работа од редовната работа.
Д-р Аспазија Софијанова е одличен доктор, несомнено, но тоа не и дозволува да ја користи својата положба за стекнување на лична корист (приход), а при тоа да не оди на работа.
Ако ги пресметате часовите кои и се исплатени за дополнителна работа, тоа се вкупно плус 150 часа, што не е ниту логички, ниту возможно. Или ако истите ги поделите со осум часа(тогаш докторката) по некоја логика, одела на работа или била цел ден, дури 19 дена во месецот, а месецот има 30/31 ден. Годините кои ги има, има 57 години, секако дека не го дозволуваат ова темпо на работа. Не кредити да има, животот да и е во прашање, ова темпо на “работење” не се издржува!
Имено, докторката покажа крајна дрскост, некултура, дури и на моменти (лично јас почувствував како Одделот да е нејзина своина, и дека нема потреба да дава објаснувања).
Новинарите се јавен сервис, тие служат на народот за да добие информација. Одвратно беше најпрво за жена, значи како жена, а потоа и како доктор кој има титула, кој се смета за образован, интелектуалец гласно да зборува, да не го гледа во очи соговорникот(во конкретниов случај-новинарот), цело време да биде на телефон, да пишува нешто, да размавтува со истиот. Крајно ниско е да покажува среден прст.
Ако не била виновна, а има направено кривично дело, целата состојба ќе се решеше за половина час. Многу убаво прашање доби од новинарот и понуда, да избере конкретен датум и да проверат на камера дали тој ден Д-р Аспазија Софијанова била на работа.
Се надевам дека ОЈО тука ќе има долга работа и дека ќе се испита случајот до крај.
Кога веќе сме кај платите, една медицинска сестра, со 35-40 годишен стаж, зема 30.000 плата. Цел ден на нозе, на операција.
Д-р Аспазија Софијанова, многу често можете да ја видите во Дебар Маало, посебно во Скопски Мерак, барем јас ја гледам таму често. И навистина би било феноменски, да седиш во кафана, да пиеш виски и другиот ден, да бидеш присутна на работа 16 часа, а притоа работиш со деца.
Целата таа мрежа е поврзана и нераскинлива: Тодоров, Аспазија, Филипче.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.