Извршени се сомнителни продажби на парцели во Делчево и Берово за изградба на фотоволтаици за производство на електрична енергија, за потребите на ЕВН Електрани, за што кривична пријава добија седумина осомничени кои се поврзани со ДПМНЕ и со Христијан Мицкоски.
Двајца опфатено со кривичната пријава се луѓе од врвот на енергетската компанија.
ИГОР ГИЕВСКИ, тогаш управител на ЕВН Електрани, инаку поранешен претседател на Унијата на млади сили на ДПМНЕ.
МИРОСЛАВ МИТРОВСКИ, син на Сокол Митровски поранеен градоначалник на Ѓорче Петров и управител на ЕВН Електрани
ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ, телохранител на лидерот на ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски (според тврдење на пратеничката Славјанка Петровска)
ДАРКО ЌУРЧИСКИ, бизнисмен кој е сопственик на бензинска пумпа ОИЛ ДЕ во Делчево и овластено лице во Ал Дариф ДОО. Јавно нема информации за оваа фирма, освен еден документ од 2020 година за жалба на фирмата по јавна набавка, во која полномошник е Панче Тошковски, член на ДПМНЕ и сега министер за внатрешни работи.
https://www.facebook.com/share/p/1NGJbAcHxC
ДАРКО ТОДОРОВСКИ, советник во општина Делчево 2013 – 2017 година, од редовите на ДПМНЕ.
Осомничените Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски и неговата сопруга Марија Илиевски, сите од Делчево, добиле на подарок ниви од други лица, кои ги стекнале во сопственост на 1 септември 2021 година. Три недели подоцна, односно на 21 септември, парцелите чија вредност е проценета од страна на општината на 20 денари за метар квадратен, се препродадени на ЕВН Електрани за повеќе од 800 денари за метар квадратен и покрај тоа што се работи за ниски катастарски класи на земјиште со ниска пазарна вредност.
На 20 септември 2021 година Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски и неговата сопруга Марија, преку нотари објавуваат оглас за продажба на парцели кои ги купиле за 20 денари м2, за кои само еден ден подоцна, на 21 септември, склучиле договор за продажба на ЕВН Електрани за 800 денари м2. Истрагата утврдила дека физичките лица во чија сопственост било земјиштето во Делчево пред да почне да се препродава, само во документацијата ја отстапиле како дар. Според информациите и изјавите првичните сопственици биле исплатени во кеш, а во документацијата се согласиле да пишува дека го подариле. Предистрагата покажала дека дарувањето било неопходно за во јавноста да не се дознае за продажбата, бидејќи промената на сопственост на земјоделското земјиште со продажба задолжително треба да се огласи во Службен весник.
Откако Тодоровски и брачниот пар Илиевски го добиле имотот во своја сопственост, истиот го објавиле за продажба во Службен весник и за само еден ден го продале на ЕВН Електрани. Финансиската полиција побарала замрзнување на имотот на Тодоровски, откако следејќи ја трагата на парите утврдила дека се пуштаат во оптек. Откако добиените парцели на подарок ги продал на ЕВН Електрани, Тодоровски продолжил да купува нови парцели. Со купопродажен договор жителка на Македонска Каменица му продала 11.071 метри квадратни земја во Делчевско. Договорената цена за продажба е 0,7 евра за метар квадратен или 43 денари за метар квадратен. Тој парцелите на ЕВН Електрани ги продава за 800 денари за метар квадратен неполн месец претходно, по што јавно на Фејсбук се пофалил дека купил кафеана во Делчево, што е потврдено и од јавно достапни податоци од Агенцијата за катастар, дека деловен простор односно кафеана и спрат од куќа купил за 220 000 евра.
Финансиската полиција извршила претрес во домот на Орце Тодоровски Ефто, а доколку неговото име се пребара на интернет, има инфо дека Тодоровски во 2011 година купил државно земјиште наменето за изградба на хотели за евтина цена со одлука на тогашната влада на ДПМНЕ. За земјиште на планината Голак, Тодоровски добил одобрение за градба во октомври 2013 година. Тодоровски се појавува и како еден од основачите на компании заедно со Христијан Мицкоски во бизнисот со мали хидроцентрали.
Во медиумите, од новинарите неговото име се спомнува како советник за одбранбени прашања на Мицкоски во 2019 година. Сопругата на Тодоровски е дел од Унијата на жени на ДПМНЕ и вработена во ЕВН Македонија. Орце Тодоровски е и еден од сопствениците на компанијата М – Лаб ДООЕЛ Скопје, компанија за одгледување на канабис. Покрај ниви во Делчево имало обид за стекнување ниви на подарок и нивно продавање на ЕВН Електрани и во Берово. Но, Дарко Ќурчиски од Пехчево иако склучил договор со ЕВН Електрани, сепак не го реализирал до крај, односно и покрај склучениот договор трансакцијата не е финализирана бидејќи не го платил данокот за пренос, што е потврдено и од општина Берово.
Причината за тоа е акцијата на Финансиската полиција која тргнала по сомнителните трансакции во Делчево. Управата за финансиска полиција има поднесено кривична пријава за овие лица осомничени во случајот за продажба на парцели на ЕВН Електрани за милиони евра, но случајот е стопиран…
Надлежениот обвинител од ОЈО Скопје донел Наредба за запирање на истражната постапка против 7 лица, од кои две беа осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Измама во службата од член 355 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, додека останатите им помогнале во извршувањето на делото.
Меѓутоа, во текот на истражната постапка, членовите на УО го сменија својот исказ и изјавија дека откако ги разгледале прибраните докази сметаат дека не биле доведени во заблуда и не биле измамени од осомничените во поглед на постапката и дека повторно би го одобриле купувањето на предметниот имот. Членот на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД Скопје именуван од страна на Владата изјави дека правното лице не е оштетено преку дејствијата на осомничените и дека во случајот нема незаконита исплата…
Така екс премиерот ЌУРКА КОВАЧЕВСКИ ги спасува од затвор Игор Гиевски, Мирослав Митровски и другите осомничени, индиректно го спасува и Христијан Мицкоски и есента 2023 година им овозможува на раат да се подготвуваат за триумфална победа на 8 мај 2024 година…
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.