Боки 13: Јас сум следниот лидер на оваа земја
„За вас можеби ќе биде банално, некои аналитичари можеби ќе сметаат дека сум полудел, од овој момент кажувам дека пред вас стои следниот лидер на оваа земја и планирам да се занимавам со политика“. Ова денеска го изјави Боки 13 на судењето поврзано со аферата „Рекет“. Истовремено себе си се прогласи за политички затвореник.
Времето ќе покаже дали оваа изјава може да се смета за сериозна. Сега за сега ние мислиме дека не!