Боки 13 денес ќе даде изјава пред ОЈО: Што може да открие осудениот во „Рекет“?

Изборите минаа, сега ќе може да се слушне вистината на Боки 13 за највисокото раководство на СДСМ. Откако стартот на судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ од први беше одложено за 21 јули, Јовановски и уште тројца обвинети на шест дена по изборите повторно ќе седнат во судските клупи.
Утре во 10 часот наутро Боки 13 ќе даде изјава пред ОЈО, за „Рекет“,
Во јавноста постојат сомнежи дека судот намерно го темпираше одложувањето за по изборите, пред се откако Бојан Јовановски во судница кажа рекетираните пари во Македонија да се бараат кај браќата Заеви.
-Јас овој ден ќе го прогласам како ден на политичката кампања во Македонија и донесовте политичка пресуда. Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, не кај Бојан Јовановски, кажа Јовановски по изрекувањето на пресудата за „Рекет“.


По пресудата од 9 години затвор Боки 13 најави и почна да поднесува кривични пријави против највисоки функционери од власта, членови на нивните семејства, како и бизнисмени. Во медиумите се појавија имиња на предложени сведоци од страна на Јовановски. Меѓу нив неколкумина се од семејството Заеви, техничкиот премиер Оливер Спасовски и низа други функционери од СДСМ.
Никој од нив се уште не бил повикан да сведочи во предистрага. Адвокатот на Јовановски, Сашко Дукоски за Алфа вели прво неговиот клиент ќе даде исказ за сите кривични пријави, па потоа ќе бидат повикувани сведоци.
-Се договоривме со обвинителот прво да се комплетираат сите пријави, па потоа да се започне со дејствија на Јавното обвинителство. Нема викнати сведоци во предистрага, вели за Алфа Дукоски.
Боки 13 најави дека во текот на судењето за „Меѓународен сојуз“ ќе открие детали за криминали сторени од највисоки функционери од СДСМ.
Во текот на кампањата за предвремените парламентарни избори, но и во судница за време на судењето за „Рекет“ беше откриено дека Јовановски имал честа комуникација со највисоки владини функционери, нешто што тие сакаа да го сокријат.
-Во домот на Бојан Јовановски дојдоа Радмила Шеќеринска и Катица Јанева. Посетата беше куса и тие брзо си заминаа. Кај него дома сум ги видела и Кирацовски и Стефан Богоев. Во друга прилика беа дојдени и Орце Камчев заедно со Зоран Милевски – Кичеец и уште едно лице, кажа во Судот Драгана Колевска на 27 декември 2019-та.
Судот го одби барањето на обвинетата Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Русковска. Обвинети за „Меѓународен сојуз“ се и таткото на Боки13, Миле Јовановски, Јасна Ерцеговиќ Мандиќ и Христина Блажевска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.