БОКИ 13 ДОБИЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ, ТВРДИ ДУКОВСКИ

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дукоски тврди дека денеска пред давањето исказ во Јавно обвинителство непознат глас му се јавил на телефон и упатил закани по животот на Боки 13.
„Кажи му на тој денес кога ќе оди во обвинителство да не зборува зошто ќе го убиеме“, тврди Дуковски, цитиран од Мкд.мк.
Тој негираше дека имало закани по неговиот живот, како што пренесоа претходно медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ.


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција изјави дека некој се заканил дека ќе ги убие Бојан Јовановски и неговиот адвокат Сашо Дуковски ако „не внимаваат“ што зборуваат.
„Кој се плаши од исказот на Боки 13 и неговата содржина? За преку телефон додека истиот е на суд со неговиот адвокат да ѕвони од непознат број и со мутиран глас да се закани на адвокатот со зборовите – Ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборувате. Ова е директна закана за убиство“, изјави Стоилковски на денешната прес-конференција.
Јовановски минатата недела со првостепена пресуда во случајот „Рекет“ беше осуден на 9 години затвор за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.