БОКИ 13 ИТНО ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА: Во моментов му се прави операција

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 утринава итно е пренесен во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, или поранешна Градска болница во Скопје.
Боки 13 имал силно воспаление на желудникот, заради што му се прави операција.
И претходно, додека траеја судските рочишта Боки 13 често се жалеше дека има сериозни здравствени проблеми. На јавноста и е добро познат по случајот „Рекет“ во кој е осуден на 9 години затворска казна.
Тој досега поднесе кривични пријави за најмалку 30 лица во скопското обвинителствокои се поврзани со случаите „Рекет“ и „Меѓународен Сојуз“ и се однесуваат на злоупотреба на службената положба, несовесно лекување, измама и така натаму.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.