Боки 13 останува во притвор, Апелацискиот суд го отфрли барањето

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, првоосомничениот во случајот „Рекет“ останува во притвор. Апелацискиот суд не го прифати барањето на одбраната за укинување на мерката притвор, иако отпадна можноста за влијание врз сведоци. Како причина Апелација ги наведе опасноста од бегство и можноста за повторување на делото.
Адвокатот Дуковски вчера тврдеше дека Бојан Јовановски е во животозагрозувачка состојба, додека самиот Боки 13 кажа дека има сериозни здравствени проблеми и дека ќе ја докаже својата невиност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.