Боки 13 пренесен на скопските клиники, потврди директорот на затворот во Шутка

Првоосомничен во случајот “Рекет“, Бојан Јовановски денес е пренесен на скопските клиники поради испитувања за закажана операција од претходно, потврди Есад Рахиќ, директорот на затворот во Шутка за “Фокус“. Според извори од Клиничкиот Центар “Мајка Тереза“ направени се неколку прегледи.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 15 јули го отвори случајот за рекетирање во кој првоосомничен е шоуменот Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 и второосомничен бизнисменот Зоран Милески, познат како Зоки Кичеец.
Како што е наведено во обвинението Јовановски го искористил своето влијание кај Јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Милески е тој кој овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.