Боки 13 рекетирал за да ѝ врати пари на најпознатата српска пејачка?

Боки 13 го рекетирал Орце Камчев за 1.5 милион евра за, меѓу другото, да ѝ ги врати парите што ѝ ги должел на својата, многу блиска пријателка Јелена Карлеуша, пишува српски „Курир“.
Според „Курир“, кој се повикува на свој неименуван „извор“, Боки во повеќе наврати позајмувал поголеми суми пари од Карлеуша, а кога кариерата му тргнала низбрдо и западнал во финансиски проблеми, се здружил со премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, како и специјалната јавна обвинителка, за да го рекетираат Камчев.


Според српски „Курир“, Боки бил близок и со мајката на Јелена – Дивна Карлеуша. Како аргумент за ова тврдење, весникот го наведува Фејсбук статусот на Боки 13 во кој за последен пат се збогува со покojната мајка на Карлеуша.

Пронајдете не на следниве мрежи: