Болен секс: Кога пeнисот едноставнo не влегува

Вагинизмус е посебна состојба на стегање на вагиналните мускули при што пенетрацијата, па дури и обичното ставање на тампон во вагината се отежнати или речиси невозможни. Притоа се јавува болка и сексуалните односни се проблематични.
Причините за оваа состојба може да бидат како од физичка, така и од психолошка природа. Во психолошки се вбројуваат оние од типот на страв од однос, пенетрација и несакана бременост, трауми, сфаќања втемелени од детството и слично. Физичките причини пак ги опфаќаат вагиналните проблеми, хормонални промени поради менопауза, како и проблеми настанати после породување.

Passionate couple kissing, boy and girl sitting on wooden floor near the rumpled bed opposite the window.

Како да се справите со проблемот?

Кога станува збор за вагинизмусот секс терапевтите најчесто препорачуваат комбинацијата од советување и применување на соодветни вежби наменети за вагиналните мускули.

Жените зборуваат за своите претходни сексуални искуства, емоциите и нештата кои што би можеле да ја предизвикаат оваа состојба, доколку истата не е предизвикана од некој физички фактор. Потоа преку вежби и користење на вагинални дилататори со различни големини и дебелини тие учат како да ја опуштат вагината и повторно да ја вратат контролата врз своите мускули.

За време на овој процес се препорачува доколку жената има партнер и тој да земе учество и да биде покрај неа. Притоа парот започнува да практикува определени техники кои треба да го олеснат односот и со текот на времето да го направат потполно безболен и полн со задоволство.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.