„Боли ли?“ на Лешниковска со рекордни 22 милиони гледачи на Јутјуб

Македонскиот игран филм „Боли ли? – Прва Балканска Догма” на Анета Лешниковска продолжува да ги соборува сите рекорди на гледаност на Јутјуб каналот.

Продукциската куќа АКА Филм и авторот добија честитки од Јутјуб за 22 милионитиот гледач и истовремено добија понуда да отворат сопствен канал за натамошни активности и соработка. Сопственикот на Јутјуб корпорацијата Гугл најави дека филмот е избран како пример за DIY онлајн дистрибуција и Ќе биде промовиран со Гугл + алатките.
На честитките им се придружи и Интернационалниот Филмски Фестивал Ротердам, па АКА Филм доби покана „Боли ли? – Прва Балканска Догма” да биде внесен во нивната дигитална онлајн архива.
Продукциската куќа АКА Филм во периодов со полна пареа работи на долгометражните проекти „Бучно” (во соработка со Фамили Афеар Филм од Холандија и Моуна продукција од Германија) и Споменик со Мајкл Џексон (во соработка со Дреам Фактори Македонија и Папа Филм Србија). Проектите се поддржани од Македонскиот Филмски фонд.
Краткометражната анимација Пред Бабел (Македонија, Англија, Холандија) е последниот завршен проект на АКА Филм и е номиниран за награда за најдобар анимиран краток филм на Холланд Аниматион Фестивал (20 до 25 Март 2013 во Утрехт) и е во режија на Џерил Вајт, а продуцент е Анета Лешниковска.
Макфакс
Македонскиот игран филм „Боли ли? – Прва Балканска Догма” на Анета Лешниковска продолжув

Пронајдете не на следниве мрежи: