Болниците сè пополни, СЗО предупредува: Ова што се случува во Украина може да се прошири во целиот свет!

Болниците и здравствените установи ширум Украина доживуваат драстично зголемување на инфекциите поради отпорност на антибиотици во последните недели, поради што Светската здравствена организација и Центрите за контрола на болести на САД го предупредија Киев дека епидемијата е потенцијална глобална закана.

„Ова е криза која бара итна акција, дури и за време на времетраењето на конфликтот, бидејќи слично искуство од другите воени зони нè научи дека предоцна реагирање на закана од овој тип може да има крајно негативни долгорочни последици не само за локалните цивили, туку и за целиот свет“, пишува во отвореното писмо на соодветните институции.

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја стресе Босна и Херцеговина
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина. Според првите информации, епицентарот на земјотресот бил на околу 40 километри северозападно од Зеница. Земјотресот бил почувствуван низ цела …
Се запали угостителски објект во центарот на Охрид
Се запали угостителски објект во центарот на Охрид, на самиот Градски плоштад. Како што пренесува МИА, пламенот избувнал во оџакот на објектот, а благодарение на брзата интервенција на вработените од околните локали, било …

За што се работи?

Украинските службеници на Институтот за јавно здравје спроведоа истражување во три регионални болници – Трнопоље, Хмелницки и Виница, Украина. Од 353 прегледани пациенти, кај 50, односно кај 14 отсто, испитувачите откриле инфекции кои ги стекнале за време на престојот во здравствените установи.

Од заразените пациенти, дури 60 отсто имале патоген отпорен на широк спектар на лекови. За споредба, пред војната трендот беше околу 6 проценти. Со прелиминарното откривање на проблемот се утврдени низа пропусти, од хигиената на рацете на здравствените работници кои ги лекуваат раните добиени на бојното поле, до „повеќе предизвици“ во опремата на лабораториите и операционите сали. Исто така, проценката за биосигурност е на „потоптимално ниво“.

Во специјален извештај од американското ЦДЦ од август се наведува дека само кај еден украински пациент биле пронајдени дури шест одделни бактерии отпорни на лекови. Светската здравствена организација предупредува дека сметаат дека ваквите инфекции се една од најголемите закани за глобалното јавно здравје. Имено, според податоците од 2019 година, повеќе од милион луѓе ширум светот починале поради тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.