Болничарката која речиси пред една година се сликаше селфи со пациент пред умирање е суспендирана од своето работно место на Одделението за Неврологија во Градската болница „8 Септември“, потврди за „Фокус“ директорот на болницата Христијан Костов.
-Болничарката е суспендирана од работа и сега треба да одлучиме како ќе биде санкционирана. Во моментов е формирана петчлена комисија која утре треба да заседава и да донесе одлука. Уште еднаш ќе повторам дека такви работи не смеат да се случуваат во болниците. Тоа е страшно. Пациентот е починат веќе една година, истакна директорот Костов.
Болничарката се фотографирала селфи со пациент на невролошкото одделение. На една од фотографиите можеше да се забележи дека болничарката носи болничка маска, а во нејзина задина е пациентот кој лежи во лоша здравствена состојба, целиот со цевки и приклучен на апарати за дишење