Болсонаро Претседателот на Бразил е заразен со КОРОНА ВИРУС
Болсонаро за медиумите изјави: „Добро сум, нормално. Сакав малку и да прошетам, но не можам поради медицинските препораки“. Рече дека почнал да ги чувствува првите симптоми во неделата и добил терапија.
Се досега Болсонаро го третираше вирусот како „мал грип“, и ги заобиколуваше препораките да носи маска во јавност. Болсонаро водеше и кампања и против правилата за социјално дистанцирање што се препорачани од Светската здравствена организација.
Бразил е втора држава по бројот на заразени. Досега од вирусот починаа над 65 илјади луѓе.