Атлетичарите Усеин Болт и Џесика Енис се добитници на традиционалната награда Лауреус за најдобри светски спортисти во 2012 година.Наградите на Спортската академија лауреус се доделени на свеченоста во Рио де Женеиро, а Болт оваа престижна награда ја доби по трет пат во кариерата.Претходно, најбрзион човек на планетата за најдобар спортист е прогласуван во 2009 и 2010 година. Атлетичарот од Јамајка на Олимписките игри во Лондон ги одбрани титулите на 100 и 200 метри, како и во штафетата 4×100 метри.Покрај Болт за наградата спортист на годината конкурираа атлетичарот Мо Фарах (велика Британија), фудбалерот Лионел Меси (Аргентина), пливачот Мајкл Фелпс (САД), пилотот во Формула 1 Себастијан Фетел (Германија) и велосипедистот Бредли Вигинс (Велика Британија).Британката Џесика Енис, на Олимписките игри во Лондон го освои златниот медал во дисциплината седмобој. Таа ја освои наградата во конкуренција на атлетичарките Алисон Феликс (САД) и Шејли-Ен Фрејзер-Прајс (Јамајка), пливачката Миси Френклин (САД), скијачката Линдзи Вон (САД) и тенисерката Серена Вилијамс (САД).За екипа на годината е прогласена Европската голф репрезентација која на Рајдер купот ги совлада САД.Наградата за пробив на годината ја доби тенисерот Енди Мари, додека поранешниот атлетичар и шефот на Организациониот одбор на ОИ во Лондон, Себастијан Коу ја доби наградата за животно дело.Атлетичарот Феликс Санчез од Доминиканска Република ја доби наградата за кам-бек на годината, тој во Лондон го освои златниот медал на 400 метри со пречки.Бразилскиот пливач Даниел Дијас е најдобар спортист со инвалидитет, а Австриецот Феликс Баумгартнер е најдобар во екстремните спортови.
МакфаксАтлетичарите Усеин Болт и Џесика Енис се добитници на традиционалната награда Лауреус за најдобри светски спорти