Бомбата демонтирана во Северна Ирска била наменета за Г8

Хотелот во кој во јуни годинава ќе се сретната челниците на земјите од групата Г8 бил цел на бомбата којашто изминатиов викенд ја откри полицијата во Северна Ирска, соопшти во понеделникот навечер милитантна националистичка ирска групација.Дисидентската националистичка групација Óglaigh na hÉireann, што во слободен превод значи Војниците на Ирска, испрати порака до телевизиската станица UTV во која соопштува дека бомбата била наменета за хотелот „Lough Erne“.Висок функционер на полицијата на Северна Ирска во саботата изјави дека се верува оти напаѓачите демонтираната моќна бомба од 60 килограми којашто била поставена во автомобил паркиран недалеку од местото на кое во јуни во градот Енискилен ќе се одржи самитот на групата земји од Г8, всушност ја имала за цел соседната полициска станица во соседниот град каде што била откриена.Со мировниот договор од 1998 година беше ставен крај на речиси три децении долгиот крвав судир во Северна Ирска меѓу мнозинството католички ирски националисти кои сакаат припојување со Република Ирска и протестаните кои сакаат останување во рамките на Обединетото Кралство, меѓутоа отпадничките групи сѐ уште од време навреме изведуваат напади, особено врз безбедносните сили.
МакфаксХотелот во кој во јуни годинава ќе се сретната челниците на земјите од групата Г8 бил цел на бомбата којашто изминатио

Пронајдете не на следниве мрежи: